Македонија

(ВИДЕО) Филмско грабнување на затвореник, ранет полицаец: Бегството испланирано со луѓе од затворот?

Припадник на затворската полиција е ранет, а затвореник во „Идризово“ е во бегство. Ова е резултат на грабнувањето кое се случило во текот на ноќта, при спровод на затвореникот со висок безбедносен ризик од затворот до болница. Затворската полиција била пресретната од неколку вооружени лица, комбето со кое се транспортирал затвореникот било застанато, имало пукање, полицаец е ранет во бешиката. Затвореникот бил изваден и заедно со вооружените лица се дал во бегство, објави А1он.

Акцијата за бегство била планирана. На тоа укажува фактот што вооружените лица точно знаеле кога ранетиот затвореник ќе биде спроведен во болница, го знаеле возилото, а иако не потврдено, веројатно имале и дополнителни информации како што се бројот на полицајци кои ќе го носат затвореникот на лекување и трасата на движење.

Претходно директорот на Управата за извршување санкции, Марјан Спасовски во интервју за „А1он“ призна дека во затворите владее ендемска корупција. Акцијата за бегство на затвореникот и кај надлежните органи го остави сомнежот дека е координирана со лица од затворот, со оглед на информациите кои ги поседувале вооружените лица.

Целиот текст можете да го прочитате тука

На почеток