Свет

Дачиќ до Шоле: Во Србија нема никој што ќе ја прифати независноста на Косово

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави денеска дека му рекол на високиот советник во Стејт департментот, Дерек Шоле дека во Србија нема никој што ќе ја прифати независноста на Косово и дека претседателот Александар Вучиќ е клучниот гарант за мирот и стабилноста во регионот.

Дачиќ за телевизијата Прва рече дека и тој истакнал дека Србија е подготвена за дијалог, но дека е јасно кои се црвените линии.

Тој објасни дека тие линии се дека нема повторно преговарање на Заедницата на српските општини, дека Србија не сака ниту директно, ниту индиректно да ја признае независноста на Косово и дека Србија нема да дозволи погром на Србите на Косово, но и дека е обврска на КФОР да ја гарантира безбедноста.

To Top