Хајредини до Ковачевски: Ниеден премиер не отишол во РЕК Битола да се слика со трансформатор
Премиерот Димитар Ковачевски пред неколку дена беше во посета на РЕК Битола каде беше пуштен во употреба и третиот блок на Комбинатот.
„Како што сите можеме да видиме денеска овде, РЕК Битола работи со полн капацитет. Монтажата на новиот трансформатор, што го изработи турската компанија Астор заврши успешно.
Пуштен е во употреба и третиот блок во РЕК Битола, којшто веќе испорачува електрична енергија. Ова е голем и значаен придонес во зголемувањето на домашното производство на електрична енергија“, посочи премиерот Ковачевски
На социјалните мрежи реагираше Џевдет Хајредини кој вели дека досега ниту еден премиер не се сликал со трансформатор.
„Ковачевски: Тоа што ветивме и го направивме, РЕК Битола е во целосна употреба.
РЕК Битола 40 години бил во целосна употреба и ниеден премиер за тоа не се фалел, ниту некој министер од Скопје отишол во РЕК Битола да се слика со трансформаторот“, се вели во објавата.