Триесет и осумгодишен скопјанец пријавил во полиција дека бил каснат од куче скитник.
„Вчера во 19 часот во Полициската станица Гази Баба Е.А.(38) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 14,20 часот на булеварот Александар Македонски бил каснат од куче-скитник во пределот на десната подколеница“, соопшти полицијата.