Скопје

Василичарски средби во општина Аеродром

И годинава се одржаа традиционалните василичарски средби што се организираат на територијата на Општина Аеродром. Централните манифестации се одржаа вчера, 13.1.2019 година, во Ново Лисиче, на Детската улица „Тоше Проески“ и на платото во паркот во населбата Мичурин, во организација на здруженија на граѓани.

Во рамките на прославата на големиот православен празник Свети Василиј, меѓу народот познат како Стара Нова година, се одржа богата музичка програма и кршење на традиционалната погача со златна паричка, а беа избрани и новите кумови.

Голем број граѓани присуствуваа на овие прослави, на кои им се придружи и градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин. Општина Аеродром и годинава логистички ги поддржа двете манифестации.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток