Скопје

Општина Аеродром офарбана со црна боја, а министертвото за култура со жолта

Влезната врата и ѕидовите на зградата каде што е сместена Општината Аеродром изминатата ноќ биле исфарбани со црна боја. Вандализмот во МВР го пријавил чуврот од општината. Полицијата извршила увид, но засега не соопштуваат детали, освен дека на вработените им било дозволено да влезат во работните простории. Веднаш по увидот вработените почнаа да го чистат влезот.

Пред зградата има камери.

Во текот на ноќта непознати лица истуриле жолта боја на влезот на Министерството за култура.  Покрај бојата, на зградата на Министерството со црвени букви било испишано „МКД“.

Меѓу првите, фотографијата од обоеното министерство беше споделена на Фејсбук страната на движењето „Млади за Македонија“.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток