Актуелно

Џамбаски сред Скопје ја негираше македонската држава и народ, а од МНР и Владата молчат, вели ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски и Османи цел ден молчат за асимилаторскиот говор на Џамбаски, за да им поминуваат криминалите согласни се со сите кои имаат аспирации кон Македонија, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Ангел Џамбаски сред Скопје ја негираше македонската држава и народ, а од МНР и Владата молчат. За осуда и протесна нота за ваков инцидент не треба да се чека ниту 5 минути, а не цел ден.

Што чекаат Ковачевски и Османи и од што се плашат? Или можеби се согласуваат со Џамбаски, ако се согласуваат чесно е да кажат.

Со Ковачевски и Османи имаме само негации. Додека тие се фокусирани на тендери, политичари со шовинистички говори го навредуваат народот и државата.

Срамен е молкот од власта. Владата на СДС и ДУИ е неспособна да ја штити државата, затоа треба што поскоро да си замине. Потребни се промени и нова влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе ги брани националните интереси и ќе работи на развој на државата“, се вели во соопштението.

На почеток