Македонија

Македонија бара од Бугарија да се огради од изјавите на Џамбаски

„Министерството за надворешни работи со големо внимание ги следи изјавите на одредени маргинални политички фигури од Р. Бугарија чии провокации продолжуваат, без притоа да водат сметка за напорите кои ги вложуваат двете држави за одржување на конструктивната соработка и позитивниот дух во билатералните односи меѓу двете држави“, велат од кај Бујар Османи, министер во МНР.

Тие додаваат:

Министерството, по дипломатски пат соодветно реагира до официјална Софија, во кое побара оградување од недоличните изјави кои ги повредуваат чувствата на граѓаните на Северна Македонија, и воедно серизно им наштетуваат на напорите за унапредување на добрососедските односи меѓу двете земји.

На почеток