Актуелно

Силен земјотрес во Индонезија

Подводен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди западна Индонезија, а нема извештаи за сериозни штети или жртви, соопшти геолошкиот институт.

Епицентарот на земјотресот е на 40 километри југоисточно од Сингил, крајбрежна област во провинцијата Ачех, на длабочина од 37 километри.

Индонезиската агенција за метеорологија, климатологија и геофизика не издаде предупредување за цунами. Индонезија, голем архипелаг со повеќе од 270 милиони луѓе, често е погодена од земјотреси и вулкански ерупции поради нејзината локација на „Огнениот прстен“ на пацифичкиот басен.

Во земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала што се случи на 21 ноември, најмалку 331 лице загинаа, а речиси 600 беа повредени во градот Сианџур во Западна Јава.

Тоа беше најсмртоносниот земјотрес во Индонезија од 2018 година, кога во земјотресот и цунамито во Сулавеси загинаа околу 4.340 луѓе и беше предизвикана голема материјална штета.

To Top