Британија воведува забрана за конверзивна терапија за ЛГБТ лицата


Велика Британија ќе бара забрана за конверзивна терапија за припадниците на ЛГБТ заедницата, изјави денеска министерката за култура Мишел Донелан.
Донелан рече дека владата наскоро ќе објави нацрт-закон за предлагање забрана за конверзивна терапија во Англија и Велс, според Ројтерс.
– Предлог-законот ќе ги заштити сите, вклучително и оние кои се цел на нивната сексуалност или трансродовите лица – изјави Мишел Донелан.
Конверзивната терапија е контроверзен третман кој има за цел, понекогаш со екстремни и болни методи, да ја потисне или спречи хомосексуалната ориентација или родов идентитет на една личност.
Според истражувањето од 2017 година, пет отсто од испитаниците во Велика Британија рекле дека им била понудена таква терапија, два отсто поминале низ неа, а повеќето од овие третмани биле организирани од религиозни групи, наведува британската агенција.
