„Не можат клошарите да изгорат толку локали колку што јас можам да отворам“, запален ресторанот на Бака Прасе
Српскиот јутјубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, се реши да се испроба во светот на угостителството и го отвори својот ланец ресторани за брза храна „Кај Бака“. Но, денес српските медиуми објавија дека ресторанот на ул. „Тошин бунар“ изгорел во пожар во текот на вчерашната ноќ.
Јутјуберот тврди дека синоќа во неговиот локал бил фрлен молотов коктел, кој предизвикал пожар.
„Не можат клошарите да изгорат толку локали колку што јас можам да отворам“, напиша тој на Инстаграм и најави дека ќе отвори ресторан на нова локација, на ул. „Гоце Делчев“ во Белград.
Како што објави „Нова“, сѐ околу ресторанот и внатре во него мирисало на изгорено, влезната врата и прозорците биле целосно уништени, а изгорен бил и знакот „Кај Бака“.
„Штетата е огромна, ресторанот нема да работи најмалку пет дена. Многу хејтери. Страшно. Некој фрлил нешто запалливо во текот на ноќта“, изјавил вработен во ресторанот за „Нова“.