Свет

Писториус: Ова не се нормални времиња

Новиот германски министер за одбрана Борис Писториус најави дека негова работа е да ги зајакне вооружените сили за да бидат подготвени да ги извршуваат своите задачи во време на конфликт.

„Ова не се нормални времиња, имаме војна која беснее во Европа. Русија води брутална војна за уништување на суверена земја, Украина“, рече Писториус по церемонијата во Министерството за одбрана, наведувајќи дека задачата пред неговото министерство е огромен предизвик.

Тој истакна дека сегашната цел е да се зајакне Бундесверот и дека „се работи за одвраќање, ефикасност и подготвеност“, како и „континуирана поддршка за Украина, исто така со средства на Бундесверот“, наведува Ројтерс.

На почеток