Се сретнаа Вучиќ и Пленковиќ: Разговор за српско-хрватските односи
Премиероt на Хрватска Андреј Пленковиќ и претседателот на Србија Александар денеска имаа средба на Светскиот економски форум во Давос.
„За време на Светскиот економски форум во Давос, со претседателот на Србија, Вучиќ разговарав за билатералните односи и европскиот пат на соседните земји. Покрај политиката на дијалог и смирување на тензиите, неопходно е да се вложат дополнителни напори за решавање отворени прашања“, напиша Пленковиќ на Твитер по средбата.
Се огласи претседателот на Србија на Инстаграм. „Многу коректен разговор со Андреј Пленковиќ за српско-хрватските односи. Верувам дека во периодот пред нас ќе успееме да постигнеме напредок и на економски план и во политички односи“, рече Вучиќ.