Косовската полиција по предупредувањето за атентат: Преземаме мерки
Од
Објавено на
Косовската полиција соопшти дека по предупредувањето дека се подготвува атентат врз претседателот на Демократскиот сојуз на Косово и некои пратеници на таа партија, се преземени мерки.
Како што јави Газета Експрес, полицијата соопштила дека по добиените информации за закани кон Љумир Абдиџику и некои членови на ДСК, ги презела сите неопходни полициски мерки, а за останатото се надлежни правосудните органи.
Весникот претходно објави дека одредени „партнерски безбедносни служби“ дошле до информации дека одредена група, која е идентификувана, подготвува атентат врз Абдиџику и некои други пратеници на таа партија.