Актуелно
Две лица, од кои еден малолетник се тешко повредени во сообраќајка во Охрид
На 18.01.2023 во 13.20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Струга-Радожда, патничко возило „фиат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Б.(36) од с.Заграчани, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Б.М.(30) од с.Биџево, а со телесни повреди се здобиле возачот и малолетен сопатник, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.