Актуелно

Епидемиолошки висок интензитет на активност на вирус на грип

Институт за Јавно здравје на РСМ во последниот извештај за состојба со грип соопштува дека во тек на 2-ра недела од 2023 година (09-15.01.2023), во Република Северна Македонија се пријавени 1.346 (I=73,3/100.000) случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип, за 63,9% повеќе во споредба со претходната недела (n=821). Во однос на возрасната дистрибуција, 888 лица се на возраст од 15-64 години, 186 кај деца на возраст од 5-14 години, 139 кај деца на возраст од 0-4 години и 133 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца (114,0/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години. Се забележува зголемување на бројот на заболувања слични на грип, кој е над неделната граница за сезонска активност, втора недела по ред. Според резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенца границата на позитивност од 10% (САРИ надзор), е надмината во континуитет од 4 недели. Согласно овие податоци, Р.С. Македонија има широка географска распространетост и висок интензитет на активноста на вирусот на грип.

Грипот е заразна болест која се пренесува на здраво лице со капки што ги испуштаат заразените лица при кашлање, кивање и зборување, со директен контакт (ракување, бакнеж) или со контакт со контаминирани предмети.

Симптомите на грип се појавуваат ненадејно, понекогаш во рок од неколку часа и може да траат од неколку дена до неколку недели (доколку се појави компликација на грипот или се развие потешка форма на болеста).

Вообичаени симптоми на грип се: висока телесна температура, треска, малаксаност, главоболка, болки во мускулите и зглобовите, кашлица, болки во грлото, зголемено секреција од носот.

Најефективната специфична мерка за превенција од грип е вакцинацијата. За секоја сезона, Светската здравствена организација препорачува вакцина која ги содржи сегашните соеви на регистрирани вируси на грип.

Активна имунизација против грип на лица со посебен ризик од тешка клиничка слика и компликации се спроведува кај:

1) трудници

2) лица постари од 6 месеци со:

– хронични нарушувања на пулмоналниот систем (вклучувајќи астма);

– хронични КВЗ нарушувања (со исклучок на хипертензија);

– метаболички нарушувања (вклучувајќи дијабетес, дебелина);

– бубрежна дисфункција;

– хемоглобинопатија;

– хронични невролошки нарушувања;

– лица со малигни заболувања, без оглед на моменталниот терапевтски статус,

– имуносупресија (вклучувајќи луѓе со ХИВ/СИДА, лица со функционална или анатомска аспленија);

– завршена трансплантација на ткива и органи/при подготовка за трансплантација;

3) лица постари од 65 години

4) членови на семејството на лица со зголемен ризик од компликации кај кои

Контраиндицирана администрација на вакцината.

Според епидемиолошките индикации, вакцинацијата се спроведува:

1) кај лица сместени и вработени во геронтолошки центри;

2) кај деца, млади и стари лица сместени во социјални и здравствени установи и кај лица вработени во тие установи;

За да се намали боледувањето и отсуството на вработените во здравствените установи за време на сезоната на грип, но и да се спречи пренесувањето на вирусот од персоналот на пациентите, секоја сезона се бара да се вакцинираат следните вработени:

– вработени во институции кои работат со пациенти со висок/посебен ризик од компликации од грип,

– вработени во установи кои работат со пациенти на возраст над 65 години,

вработени кои страдаат од хронични заболувања (кардиоваскуларни, пулмонални, бубрежни, метаболички, хемоглобинопатија, имуносупресија итн.),

– вработена во здравствена установа која е бремена, како и вработени во здравствена установа кои даваат здравствени услуги на бремени жени.

Вакцинирањето на населението кое припаѓа на ризичните групи се врши со цел да се зачува сопственото здравје, да се одржи колективниот имунитет на населението и индиректно да се зачува здравјето на членовите на нивните семејства/колективи, особено оние за кои е контраиндицирана примената на вакцина. со цел да се спречат можните компликации и тешките клинички форми на болеста.

Времето потребно за стекнување имунитет е 2 – 3 недели по примена на вакцината, а времетраењето на пост-вакциналниот имунитет опфаќа една сезона. Поради варијацијата на различни видови на вирусот на грип кои можат да се менуваат секоја сезона и времетраењето на имунитетот, вакцинацијата се спроведува секоја година.

Општите превентивни мерки вклучуваат избегнување близок контакт со болни луѓе, редовно миење на рацете да избегнуваме допирање на очите, носот и устата, проветрување на просториите. Зајакнувањето на општиот отпор на организмот подразбира соодветен режим на работа и одмор, умерена физичка активност и исхрана богата со витамини.

Извор: инфо.семед.мк

На почеток