Скопје

Без струја дел од Ѓорче, Бутел и Чучер Сандево

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска (петок) без електрична енергија ќе останат:

– во период од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. Манчу Матак. (општина Ѓорче Петров)

– во период од 10.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улиците Иван Манолев, Рокомија и Александар Турунџов. (општина Бутел)

– во период од 11.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од село Чардак, како и корисниците од ул. Александар Урдаревски лоцирани на потегот од раскрсница со патот за село Бразда до првата раскрсница со патот за село Голиово. (општина Чучер Сандево)

На почеток