Свет

Детали за хоророт во Земун: Бебе било спакувано во пластична кеса на дното од замрзнувачот

З.М. (62) синоќа ја известил полицијата дека пронашол замрзнато тело на бебе во кеса додека чистел стар замрзнувач во куќа во Земун.

Полицијата веднаш излегла на терен и го известила заменикот на Вишото јавно обвинителство во Белград.

Како што се дознава, телото на новороденчето било спакувано во пластична кеса и било на дното на замрзнувачот.

Полицијата го испрашала З.М. кој тврдеше дека штотуку се вселил со своите четири деца и дека само сакал да го исчисти стариот замрзнувач. Не можеше да каже како телото на новороденчето завршило таму, пишува Телеграф.

Како што е познато, полицијата утврдува која е мајката на бебето. Обвинителот нареди да се изврши обдукција со која ќе се утврди возраста на бебето, како и начинот на кој е убиено. На телото на новороденчето немало видливи знаци на насилна смрт, но не можело да се процени колку долго било во замрзнувачот.

На почеток