Свет

Продолжува потрагата по 13-годишното момче од Херцег Нови кое исчезна пред повеќе од 3 дена, во акцијата се вклучи и Фронтекс

Денеска продолжи потрагата во морето по момчето Н.В. од Херцег Нови, а во потрагата се вклучи и Европската агенција за заштита на границите Фронтекс.

13-годишно момче пред неколку дена, поточно во вторникот вечерта од шеталиштето во Херцег Нови, брановите го повлекоа во морето.

Во потрагата синоќа во водното подрачје од островот Мамула до Херцег Нови и лево кон Зеленица и Кумбор се вклучи и хеликоптер на „Фронтекс“.

Данило Мијајловиќ од Регионалниот нуркачки центар Бијела синоќа за порталот РТЦГ изјави дека имале лоши услови за нуркање, големи бранови и слаба видливост.

– Очекуваме стабилизирање на времето, па се надеваме дека морето ќе ни овозможи да извршиме увид во крајбрежниот простор околу карпите каде што се наоѓаат подводните пештери – најави Мијајловиќ.

На почеток