Хакирана страницата на ОБСЕ во Македонија

Од
Објавено на

Само дваесетина дена откако Македонија стана претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), македонската страница на оваа меѓународна организација на Фејсбук е преземена со хакерски напад.
Од ОБСЕ го потврдија случајот, поставувајќи објава во која ги предупредуваат корисниците на Фејсбук.
„ОБСЕ знае дека Фејсбук профилот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје е хакиран. Ве молиме имајте предвид дека сите пораки кои доаѓаат од таа сметка до понатамошно известување не се авторизирани од ОБСЕ“, стои во објавата.
