Актуелно

Обид за убиство во Косово, пукале кон автомобил во движење

Синоќа имало обид за убиство во Јужна Митровица, кога две лица испукале неколку истрели кон маж кој возел автомобил, пренесува Газета експрес.

Како што соопшти косовската полиција, пукањето се случило на улицата Шабана Палуже, а напаѓачите отвориле оган од пиштол.

„Автомобилот на жртвата бил погоден со два куршуми. Еден од осомничените бил уапсен од полицијата, а кај него било пронајдено оружје од кое наводно се пукало. Другиот напаѓач е во бегство“, се вели во соопштението.

Случајот го окарактеризирам како „убиство во обид“, а со решение на обвинителството на осомничениот му е одредена мерка притвор.

На почеток