Македонија

Автомобил излета од патот Ресен-Охрид

На 22.01.2023 во 13.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Ресен-Охрид, во близина на клучката за селото Куратица, охридско, Д.Н.(33) од ресенското село Јанкоец, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со ресенски регистарски ознаки, излетал од патот.

Возачот и сопатникот Д.Р.(28) од истото село биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде што кај Д.Н. биле констатирани телесни повреди, додека кај Д.Р. биле констатирани тешки телесни повреди. По овластување на Јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

На почеток