Коментари

Ванковска: Кога ќе се свестиме дека овде нема ништо „европско”, а дека ЕУ е само фатаморгана!?

Повлекувањето на бугарскиот амбасадор од Македонија е, се разбира, облик на притисок врз нас да го смениме Уставот, а истовремено и повик до американските и европските “олеснувачи” да го зададат последниот удар, пишува на Фејсбук професорката Билјана Ванковска, која додава дека тука нема ништо европско и дека оние кои зборуваат за ЕУ, свесно или несвесно, зборуваат за бајки.

„Но, ова е и потврда на сето она што го говоревме и пишувавме за не баш пријателскиот Договор, кој доведе до никогаш полоши односи меѓу двете земји. Толку предвидливо! Намерата сега им е да не’ вратат во времето на грчката блокада и ембарго од 90-те.

Кога ќе се свестиме дека овде нема ништо “европско”, а дека ЕУ е само фатаморгана!? Дури и личности кои ми се драги и кои ги ценам се повикуваат на тие божем европски вредности, а не сфаќаат дека зборуваат за бајки. За жал, овде отсуствува национална свест и изградени национални интереси“, напиша Ванковска на Фејсбук.

На почеток