Јакимовски за Џамбаски: Не треба да го прогласиме за persona non grata, треба да го апсиме
„Нема потреба да се прогласи за непожелна личност, нека го пуштат да влезе во Македонија, нека даде обвинител налог за апсење, нека го однесат во притвор под сомневање дека сака да му изврши атентат на македонскиот претседател“, вели Стевчо Јакимовски, лидер на ГРОМ.
Тој додава:
Споредува атентат на Караѓорѓевиќ со сегашно време, не е исто. Нека го стават во притвор, нека скока цела Европа и нека види какви се условите во Шутка, цела Европа нека доаѓа овде, ама ние ќе кажеме дека се подготвува атентат на претседателот, тој ги знае атентаторите, нареден пат може да не внимава што зборува ама ќе внимава што зборува.
Така прави вистинска држава.
За четврти февруари има две варијанти, или ќе ги запрат бугарските автобуси на граница, или народот минимум 10.000 треба да се собере пред Св. Спас.