Актуелно

Професорка за настаните со Бугарија: Не се криви што не посипуваат со фекалии, туку нашиве што срамно молчат!

Професорката Ана Павловска Данева, преку својот фејсбук профил, излезе со жестока реакција на моменталниот развој на настаните со соседна Бугарија, но и кон политичките аналитичари кои бранат сервилност и понизност.

„Не се они криви што не посипуваат со фекалии, туку нашиве што срамно молчат!

Најопасни се оние наши политикантски релативизатори, што прифаќаат да излегуваат во јавност за да бранат сервилност и понизност, а ни се претставуваат како рационални интелектуалци, познавачи на политиката и дипломатијата.

Па, колку што вие можете да си ја наведнете кичмата и подадете задникот, не можат ни најнавежбани танчери и акробати на циркуска сцена!“, пишува Данева на својот фејсбук профил.

На почеток