Актуелно

Ветото е како атомското оружје, тоа не треба да се користи, вели Милков

Ветото не е решение, а повлекувањето на амбасадорот е симболика, вели бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков.

Вели дека нивниот амбасадор во земјава Ангел Ангелов, ќе остане во Софија на консултации. Милков за БНТ, изјави дека амбасадорот помага во утврдувањето на фактичката состојба со настаните во Македонија.

„Јас не сум приврзаник за вето, тоа е точниот збор. Секогаш сум сметал дека ветото е како атомското оружје, тоа не треба да се користи, туку да поттикне страните да седнат на маса и да си ги решат проблемите“, кажа Милков.

Милков во интервјуто исто така порача македонските институции да обезбедат ред на 4-февруари за да може да отиде секој што сака да се поклони пред гробот на херојот Гоце Делчев во Скопје.

На почеток