Силни земјотреси во Кина: Наредена евакуација


Земјотрес со јачина од 6,1 степени по Рихтер го погоди и оддалечениот дел од северозападната кинеска област Ксинџијанг, а засега нема информации за поголема материјална штета или повредени, јави кинеската новинска агенција Ксинхуа.
Земјотресот ја погоди областа во 7:49 часот по локално време.
Според прелиминарните податоци на кинескиот центар за земјотреси, јачината на земјотресот била 6,1 степени. Американскиот геолошки институт измери јачина од 5,7 степени.
Кинеската државна телевизија CCTV прикажа снимка на луѓе кои се евакуирани од аеродромот во округот Шахе, при што висат светилки и се тресе земјата. Може да се види и персоналот кој врши проверка на поврзувачкиот дел од аеродромот.
Ксинџијанг е еден од сеизмички најчувствителните региони во Кина, а повеќето земјотреси беа во ретко населени области надвор од главните градови. Сеизмолозите и другите служби не пријавија никакви пречки во локалната електрична мрежа, производството на нафта и гас или петрохемиската индустрија, соопшти Ксинхуа.
