Актуелно

(Вознемирувачко) Бени го бараа 7 дена и се нудеше награда, а го најдоа фрлен пред врата со рани од куршуми – хорор во Штип!

Сопствениците на Бени, преку објави на социјални мрежи го бараа својот изгубен миленик цели 7 дена. Нудеа награда за оној што ќе им даде информација или ќе им го врати кучето.

„Вчера утрото го најдоа Бени фрлен во непосредна близина на нивната куќа, со три прострелни рани од пушка со мал калибар, во месноста Суитлак во Штип, каде што беше изгубено кучето пред 8 дена и каде што живеат луѓе, си играат деца. Случајот е пријавен во СВР Штип и има ветеринарно-медицински извештај со фотографии од убиеното животно“, пишува активистка за заштита на правата на животните, Милка Докузова.

Таа додава: „Неофицијално, станува збор за локалец кој редовно пукал во верверички, мачки, зајаци и кучиња во населено место. И замислете, овој човек ова го прави со години и поминува без пријава и неказнето. Јас јавно прашувам дали некој води контрола во државата за тоа кој сѐ поседува оружје и кога и како го употребува? До кога нормалните и совесни граѓани ќе бидат заложници на ова лудило?“.

На почеток