Свет

72.000 долари за војниците кои ќе уништат или заробат тенк

Руската компанија „Форес“ објави дека ќе плати 72.000 долари во готово на војниците кои први ќе ги уништат или заробат тенковите од западно производство во Украина. За секој следен потфат, наводно, била ветена сума од 7.200 долари, откако Кремљ ветил дека руските сили ќе ги уништат сите западни тенкови што ќе бидат испратени во Украина, пренесува Ројтерс.

Компанија од Урал, која работи во енергетската индустрија, исто така, најави дека ќе плати награда од 215.000 долари за уништен борбен авион од западно производство, доколку тие некогаш бидат испорачани во Киев.

САД, Германија и неколку други европски земји се подготвуваат да испратат десетици напредни борбени тенкови во Киев во следните неколку месеци за да помогнат во зајакнувањето на воениот капацитет на Украина, а портпаролот на Кремљ ја критикуваше одлуката како опасна ескалација и рече дека тенковите „ќе изгорат“ на фронтот.

На почеток