Актуелно

Орбан: Политичкиот систем во Европа ќе колабира во текот на оваа деценија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан е убеден дека актуелниот политички систем во Европа ќе колабира во текот на оваа деценија.

Орбан, како што пренесува австрискиот портал „Експрес“, на прашањето дали е за останување на Унгарија во ЕУ, рекол: „Дефинитивно не, но мораме“.

„Нормалните луѓе, со нормални ставови, не се за останување во ЕУ. Раздорот и разидувањето меѓу Унгарија и ЕУ расте“, објасни тој.

Тој рече дека знае што зборуваат премиерите на Франција и Германија, а тоа е за уште поголема миграција, за полот и додаде дека во Унгарија постои приврзаност кон традиционалниот семеен модел.

„Тие сакаат Соединети држави на Европа, ние секако не“, подвлече Орбан.

Тој е убеден дека, по колапсот на актуелниот политички систем во Европа, ќе има враќање на традицијата.

Војната во Украина, посочува тој, уништи многу работи.

„Претходните сојузи со Словачка, Чешка, Австрија и Италија се оптоварени со оваа војна“, објасни тој, додавајќи дека италијанската премиерка Џордија Мелони е освежување, но дека мора да преживее до март преговорите со врвот на ЕУ за исплати од Фондот за закрепнување бидејќи на Италија и требаа пари.

Орбан рече дека на ЕУ и пречи успехот на Унгарија и дека секој што има поинаков став, како него, веднаш се соочува со обвинувања дека е фашист или хомофоб.

На почеток