Свет

(ФОТО) Се преврте автобус на фудбалски клуб во Бразил, има загинати

Автобусот со фудбалерите на Вила Марија Хелена излета од мостот кај реката Анг, на патот БР-116, јавуваат бразилските медиуми.

Според информациите кои ги објави бразилски „Глобо“, во оваа несреќа загинале најмалку четири лица, од кои три деца, а несреќата се случила околу еден час по полноќ.

Во автобусот имало 28 млади на возраст од 14 до 17 години, како и возачот и четворица членови на техничката комисија.

Како што пренесуваат медиумите, тимот се враќал од турнирот во градот Убапоранж и превезувал млади фудбалери во градот Дјук де Касиљас.

Автобусот излетал од мостот и паднал од висина од десет метри.

Иако жртвите се уште не се идентификувани, се знае дека се работи за едно возрасно и три помлади лица.

Телата се пренесени во Афранио Пеиксото, додека повредените се хоспитализирани во болница во Сао Салвадор.

На почеток