Актуелно

„Ситуацијата е безнадежна, што доведува до вистинска ескалација“, вели Песков

Оружјето што западните земји и го доставуваат на Украина доведува до ескалација на конфликтот, ситуацијата е во ќорсокак, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Песков изјави дека текот на настаните не може значително да се промени и дека специјалната операција продолжува.

„Украина бара се повеќе и повеќе ново оружје, а Западот ги охрабрува овие барања, се колне дека е подготвен да обезбеди оружје. Оваа ситуација е прилично безнадежна, бидејќи, уште еднаш ќе кажам, води до вистинска ескалација и ги води членките на НАТО се подлабоко и подлабоко во овој конфликт“, рече Песков на новинарите.

Портпаролот се осврна и на односите меѓу Москва и Париз, велејќи дека таму нема ништо за пофалба, исто како во односите меѓу Русија и членките на Европската унија, но доколку е потребно, дијалогот со францускиот лидер Емануел Макрон ќе продолжи.

Песков, дополнително, нагласи дека сега е тешко да се зборува за дијалог со НАТО, бидејќи Алијансата одамна ги прекина сите конструктивни односи со Русија.

Според него, постојат одредени кругови во сите европски земји кои се загрижени за степенот на нивната вклученост во украинскиот конфликт.

На почеток