Свет

(Видео) Масакр во Бразил: Изнеле 9 лица од кафуле, па ги застрелале

Маскирани напаѓачи убија седум млади луѓе на сред плоштад во град во североисточниот дел на Бразил.

Локалниот телевизиски канал Verdes Mares емитуваше снимка на која се гледаат џелатите водат девет млади на плоштадот Кловис Бевилакуа во градот Викоза до Сеар со рацете на главите и наредени еден до друг.

Две лица ги преживеале рафалите и биле префрлени во општинската болница Викоза.

Жртвите биле гости на блиската кафеана кога напаѓачите дошле со неколку возила во четвртокот околу 3 часот по полноќ. Мотивот за масакрот засега не е јасен, додека Вердес Марез наведува дека еден од убиените носел нано кеса.

Жртвите биле на возраст меѓу 16 и 29 години.

Викоза до Сеара е град со околу 60.000 жители кој се наоѓа на 350 километри од главниот град Форталеза. Сеара е една од најсиромашните и најнасилните држави во Бразил со стапка на убиства од 35 на 100.000 жители.

На почеток