Свет

Целосен енергетски колапс: Црна Гора, Босна и делови од Хрватска без струја

Се чини дека цела Далмација остана без струја околу 12:25 часот, а прекин на струја е забележан и во Босна и Херцеговина. Целото подрачје на Црна Гора остана без струја.

Без струја останаа Сплит, Омиш, Макарска, Дубровник и Жупа Дубровачка, Каштела, Солин, Водице, Првиќ, Задар, Стариград Пакленица, многу острови. Се чини дека струја практично нема во цела Далмација.

Струја нема ниту во Славонија. Станува збор за Славонски Брод и Винковци.

Засега нема информации од ХЕП. Во еден момент падна и веб-страницата на ХЕП, пишува Индекс.

Низ Босна и Херцеговина граѓаните пријавуваат прекини на струја. Според Klix.ba, поголемиот дел од Босна и Херцеговина останал без струја, вклучувајќи ги Сараево и Зеница.

Речиси целата област на Црна Гора е без струја поради прекин на мрежата, соопштија од ЦЕДИС, пренесува Вијести.

Струја нема во Будва, Бар, Рисно, Подгорица.

Побједа јавува дека избувнал пожар на еден од далноводите.

Не се знае кога проблемот би можел да се реши, пишува Побједа.ме.

На почеток