Актуелно

Лавров: Русија никогаш не одби да учествува во рамноправен дијалог со своите европски партнери

Русија никогаш не одби да учествува во рамноправен дијалог со своите европски партнери, изјави шефот на руската дипломатија Сегреј Лавров.

„Никогаш не сме го прескокнале рамноправниот дијалог со нашите европски партнери, ниту потрагата по начини за решавање на безбедносните прашања“, рече Лавров, зборувајќи за резултатите од официјалната дипломатија на Москва во 2022 година.

„Се надеваме дека порано или подоцна ќе видиме политички сили во Европа кои ќе можат да тргнат од сопствените национални интереси, а не од амбицијата да му угодат на некого преку океанот. Тогаш ќе најдеме со кого да се договориме“, рече Лавров, пренесе Тасс.

На почеток