Македонија

Минатата недела регистрирани 104 нови случаи на ковид

Изминатата недела тестирани се вкупно 2.659 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 15,1% во однос на минатата недела (n=2.310).

Регистрирани сe 104 нови позитивни случаи од 19 градови во државата, за 20,6% помалку во однос на минатата недела (n=131). Процентот на позитивност се движи од 1,5% до 5,4%, просечно 3,4%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=54; 51,9%). Највисока инциденца е регистрирана во Берово (45,9/100.000), Македонска Каменица (31,1/100.000) и Гевгелија (13,9/100.000).

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи освен во возрасната група од 0-9 години каде во изминатата недела не е регистрирано ниту едно заболено лице, а најголем број на случаи се пријавени во возрасната група над 60 години (n=57; 18,3%). Се забележува намалување кај сите возрасни групи со најголемо намалување кај возрасната група од 30-39 години (-33,3%). Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнало 121 лице во хоспитални услови или на домашно лекување, со намалување од 25,8% во споредба со минатата недела (n=163)

На почеток