Македонија

Груби: ВМРО-ДПМНЕ треба да бидат први кои името на партијата ќе го напишат и на албански

Пратеникот од редовите на ДУИ, Артан Груби на денешната прес-конференција изјави дека први кои треба да стават натпис на албански јазик е опозицоската ВМРО-ДПМНЕ.

„Нелегитимниот претседател во заминување, има уште два месеци во канцеларијата. Прочитајте ги законите, Уставот и Деловникот. Објавата на Законот за јазиците во „Службен весник“ е според законот. Сметаме дека Иванов и ВМРО-ДПМНЕ треба да се надминат и да бидат први кои ќе напишат ВМРО-ДПМНЕ и на албански јазик“, смета Груби.

Иако Законот за јазици е оспорен пред Уставниот суд, Груби вели дека тоа не ја одлага примената и тој мора да се почитува. За спроведувањето на Законот за јазиците ќе се формира и инспекторат.

„Демократски е да ги изгубиш изборите исто како што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги изгуби претседателските“, рече Груби коментирајќи ги постапките на ВМРО-ДПМНЕ.

ДУИ е против превремени парламентарни избори, оти како што вели пратеникот Груби, има многу реформи за спроведување.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток