Коментари

„Колку треба да не те бива за преговарање (од нула до Таче) за со 44 пратеника да имаш едвај 11 членови на Влада“, вели Апасиев

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи коментира дека власта предводена од СДСМ не ја бива за преговарање.

Тој зборува за распоредот на сили во владината коалиција.

„Колку треба да НЕ ТЕ БИВА за преговарање (од нула до Таче) за со 44 пратеника да „избоксуваш“ да имаш едвај 11 членови на Влада (од вкупно 21) – а партиите на албанското малцинство, со 28 пратеника, да имаат 10 членови на Влада!? p.s. Е овие истиве, во наше име, преговараат со Бугарија и со ЕУ!“, пишува Апасиев.

На почеток