Јоци: Спасовски ќе правел анализи за Џамбаски, подобро би било да си ги пакува куферите
За најавите за забрана за влез во Република Македонија за одредени бугарски граѓани и како државата би се справила со тоа, Спасовски, вели дека опциите зависат од анализите што се прават.
„Клучно за нас ќе биде дали имат намера, било какви структури кои сакаат да се организираат, да предизвикуваат проблеми, да изразуваат непочит спрема државата, граѓаните и врз основа на тоа ќе се носат одлуките. Сите опции се отворени, а постојат и законски основи кои укажуваат дека за секој еден кој сака да го наруши достоинството, безбедноста, јавниот ред и мир треба да се преиспита начинот за тоа. Опциите ќе зависат во основа од анализите кои ги правиме во штабот, на основа на собрани податоци и информации и на крајот одлуката треба да биде во функција на мирно, достоинствено чествување со кое ќе покажеме дека знаеме да ја сочуваме стабилноста. Меѓутоа во едно треба да бидат сигурни граѓаните, а тоа е дека никако нема да дозволиме навреди и организација на понижување на македонската држава и народ“, вели Спасовски.
Јорданка Ивановска Јоци преку социјалните мрежи му порача на министерот дека подобро е да ги пакува полека куферите и да се симне на земјината топка.
„Оливер Спасовски ќе правел АНАЛИЗИ за Ангел Џамбаски Подобро би било да си ги пакува полека куферите и да се симне на земјината топка од Уран каде живееше 6 години. Освен ако не мисли последен да дознае дека прикаската на СДСМ заврши.
Прашан можно ли е некому да не му биде дозволено да ја помине македонската границата и конкретно како ќе биде постапено доколку в сабота во земјава пристигне европратеникот Ангел Џамбаски, Спасовски повтори дека секоја одлука ќе биде согласно анализите.
– Реков дека анализи ќе се прават и врз основа на тие анализи ќе ги носиме одлуките во секој поглед. Меѓутоа едно треба да бидат сигурни граѓаните дека никако нема да дозволиме навреди и организација на понижување на македонската држава и македонскиот народ, порача Спасовски“, стои во објавата на Јоци.