Свет

Македонските Бугари по средбите во Брисел: Заклучоците на ЕУ ќе се одразат во следниот извештај за напредокот на Македонија

Ставот на европските институции во однос на правата на Бугарите во Република Северна Македонија ќе стане јасен во следниот извештај за напредокот на Скопје. Ова во „Денот почнува“ за бугарсата БНТ го изјави Петар Колев, кој беше меѓу претставниците на македонските Бугари примени од комесарот за проширување Оливер Вархеи во Брисел.

За бугарските организации во Македонија е важно што дијалогот започна не само со бугарските, туку и со европските институции.

По повод претстојната годишнина од Гоце Делчев, Колев потсети дека заедничките прослави се потврдуваат со Договорот за добрососедство, а земја која не ги исполнува меѓународните договори тешко може да стане дел од простор како ЕУ.

„Покрај промената на Уставот, сите протоколи од заедничките мултинационални комисии се дел од преговарачката рамка, што значи дека во голема мера европските институции сериозно го сфатија ова прашање. Дојдовме до точка каде што можеме да разговараме со европските комесари без посредници, што значи дека правата на Бугарите во Македонија се дел од процесот.

Ние сме тие кои имаме интерес да ги туркаме работите кон реализација. Ако работите останат на хартија, Македонија ќе остане кандидат за членство во ЕУ уште 30 години. Тоа не е во интерес ниту на Северна Македонија, ниту на Бугарија, затоа имаме интерес тоа да биде во ЕУ, но не на сметка на тамошните Бугари и бугарската историја и националното достоинство. Тоа е цената што нема да ја платиме.

Пред нас нема алтернатива, сакам да бидам сфатен правилно, без разлика на притисокот во Скопје и политиканството во Софија и Брисел. Нашиот пат е јасен – избравме да го одиме овој пат без разлика на цената што треба да ја платиме и ќе го одиме до крај. Очекуваме целосно разбирање и разговор на оваа тема и со европските институции и со македонските институции на кои македонските Бугари плаќаат даноци – заедно ќе најдеме решение за проблемот и ќе престанеме со ова насилство и јазик на омраза“, изјави Петар Колев.

Проф. Ана Кочева од Националниот круг „За Македонија“ средбата со комесарот Вархеи ја оцени како корисна, но многу доцна.

„Најверојатно на прославата на Гоце Делчев сепак ќе има Бугари. Средбата, иако многу корисна, беше многу доцна. Од Националниот круг „За Македонија“ бевме во Стразбур уште во јуни и тогаш добивме ветување дека не само што ќе прифаќаат претставници на македонските Бугари во европските институции, туку претставници на европските институции ќе бидат во Република Северна Македонија за да се запознаат на лице место.

Крајно време е во Северна Македонија да сфатат дека преговарајќи со ЕУ, или се во пресрет на овие преговори, тие всушност преговараат и со Бугарија. Ние сме полноправна земја членка и не наметнуваме услови за инает, туку затоа што е во духот на историската вистина, која се заснова на планини од факти кои, ако има волја да се читаат како што се напишани, ќе се толкуваат недвосмислено“, посочи таа.

На почеток