Захарова: Kој ќе ни суди?


„Кој ќе ни суди?
Повиците на Европската унија за мирно решавање на конфликтот се уште една форма на лицемерие, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
Таа нагласи дека сè се влошува во услови кога Европската унија повторува дека е подготвена да му помогне на Киев „се додека тоа е потребно“.
Последниот самит ЕУ-Киев уште еднаш потврди дека, со цел да ја ослабне Русија и да ги задоволи хегемонистичките тенденции на САД и НАТО, Европската унија продолжува да го поддржува „неонацистичкиот режим во Киев“, обезбедувајќи му идеја за некаква европска перспектива, иако тоа ги нарушува сите критериуми што ги бараат од другите кандидати за влез во Унијата, оцени Захарова.
На овој начин, како што рече, Брисел се солидаризира со целосната репресија на мислењата што не одговараат на режимот во Киев, кршењето на слободата на говорот, но и правата на јазичните и другите малцинства во Украина.
„Повиците на Брисел за мир се лицемерни во услови кога тој изјавува подготвеност да инвестира во продолжување на вооружените акции“, посочи Захарова.
Во овие услови апсурдно и неморално е да се зборува за трибунали во кои на Русија би и се судела за она што денеска се случува во Украина, соопшти Министерството.
Факт е дека Москва беше измамена со договорите од Минск, бидејќи, како што веќе признаа европските политичари, тие никогаш не требаше да доведат до мир, потсети Захарова.
„Што би се рекло и кој ќе ни суди? – праша портпаролката.
Захарова истакна дека Москва ќе ги постигне сите цели на воената операција и дека залудни се сите обиди на Западот, кој политички, финансиски и воено целосно се вклучи во украинскиот конфликт.
„Сите учесници на собирот во Киев од 3 февруари се на големо разочарување. Тие ќе треба да одговараат пред сопствениот народ кој ја финансира оваа крвава геополитичка игра што ја започна Западот и која се води „до последниот Украинец“, соопштија денеска од Москва.
