Михајловски: Единствен правилен начин да се слави Гоце е да се прифатат неговите завети! Неговото име да не се употребува за сè и сешто


Актерот Тони Михајловски објави фејсбук статус во кој цитира извадоци од “Беседа за Гоце”. Беседата е одржана лично од Ѓорче Петров на покана и во организација на македонските студенти во Бугарија на 4 мај 1919 во Софија, по повод 16-годишнината од неговата смрт.
“Секој може да биде ако не Делчев, тогаш барем приближно како него, само ако го презира исто колку тој своето лично благо во корист на татковината и да си ја напои душата со неговите човечки и опшествени добродетелства.
Затоа единствено правилен начин на неговото прославување е да се следи неговиот пример, да се прифатат неговите завети. Особено треба да бидат внимателни неговите современици и соборци, неговото, име да не се употребува за сè и сешто“, стои во објавата.
