Што ќе ќари Таравари со влезот во Влада
Од
Објавено на
Кренар Лога министер за правда, Фадиљ Цана министер за здравство, денеска е договорено меѓу потенцијалните коалициски партнери – СДСМ и Алијанса за Албанците, објави Плусинфо.
Неточни се информациите дека СДСМ е на чекор да го отстапи и директорското место во УЈП, неофицијално дознава Скопје 1.
Партијата на Таравари бара и други директорски позиции.
Денеска се финализираат преговорите меѓу членовите на комисиите на СДСМ и Алијанса за Албанците, а резултатот од нив, според најавите од двете партии, утре ќе биде познат.