Германската полиција уапси 20-годишна девојка осомничена дека е членка на Исламска држава, соопшти денеска федералното обвинителство.
Осомничената е идентификуван како Сара О., Германка со алжирско потекло, и е обвинета за припадност на странска терористичка организација.
Обвинителството тврди дека таа како тинејџерка отпатувала во Сирија во октомври 2013 година, каде што била обучена како да користи оружје. Следната година се омажила со борец на Исламска држава од Германија.
Германските власти велат дека двојката спроведувала „полициски задачи“ во областите под контрола на Исламска држава, објави АП.
Се верува дека таа се обидела да регрутира и други лица во Европа за членство во терористичката организација, како и дека заедно со сопругот добивале по 118 долари месечно.