Свет

Потресно видео од Турција: Дете виси од урнатините и моли за помош

Илјадници луѓе останаа затрупани под урнатините на зградите во Турција и Сирија по страшниот земјотрес што ја погоди областа.

Видеата од спасувањето патуваат низ светот, а камера снимила застрашувачко видео на дете кое плаче и моли за помош.

На видеото се гледа како дете заглавено во урнатините на првиот кат од куќата, практично виси наопаку од ѕидот.

Повеќе од 1.500 луѓе загинаа во земјотресот, а неколку илјади беа повредени. Се стравува дека бројот на загинати ќе биде многу поголем, а Американскиот геолошки институт најави дека бројот на загинати може да се искачи на 10.000.

На почеток