Актуелно

Се стравува дека најмалку 10.000 луѓе загинале во двата разорни земјотреси

Се стравува дека најмалку 10.000 луѓе загинале во двата разорни земјотреси кои рано утринава ги опустошија Турција и Сирија, пишува Daily Mail.

Со оглед на неповолните временски услови, температурите кои вечерва ќе бидат околу нулата, спасувачите водат очајна трка со времето за да стигнат до што е можно повеќе преживеани кои беа затрупани под урнатините.

Освен што се евентуално повредени, им се заканува и опасност да умрат од задушување пред да им стигне помош.

Во деловите од земјата погодени од земјотресот врне дожд, а на места и лапавица.

Поради хуманитарната криза се очекува бројот на жртви значително да ги надмине сегашните 2.400. Американскиот геолошки институт предупреди дека ситуацијата може да се влоши и дека бројот на жртвите од земјотресот може да достигне 10.000.

Некои жртви затрупани под урнатините повикуваат на помош, а некои дури и се огласуваат на социјалните мрежи.

На почеток