Свет

(ВИДЕО) Вучиќ: Заемно признавање, само сонувајте!

Српскиот претседател Александар Вучиќ им се обрати на граѓаните и порача дека нема да има меѓусебно признавање на Косово.

Тој рече дека не барал амнестија за семејството, како што тврди Рада Трајковиќ и дека секогаш се борел само за Србија и ќе продолжи да го прави тоа.

– Српски народе, граѓани на Србија. Западниот агент Рада Трајковиќ вели дека барам амнестија за моето семејство, а не спас за српскиот народ на Косово и Метохија. Лаже, лаже како и сите оние во Собранието што ги кажаа сите тие глупости. Ме брани мене како и моите коалициони партнери – порача Вучиќ на Инстаграм.

– Затоа луѓе, имајте на ум. Моето семејство е тука, ние сме виновни затоа што ја браниме Србија. Заемно признавање, само сонувајте! Да живее Србија – порача претседателот.

На почеток