Приштина го прифати предлогот на ЕУ, вели Лајчак
Специјалниот пратеник на ЕУ, Мирослав Лајчак, по разговорот со премиерот Албин Курти изјави дека Приштина го прифатиле предлогот на ЕУ.
Тој изјави дека му е драго што Приштина начелно го прифатила предлогот на ЕУ и најави продолжување на разговорите на средба на високо ниво.
Патував во Приштина за да се сретнам со премиерот Албин Курти и вицепремиерот Бесник Бисљими и во Белград, каде што се сретнав со српскиот претседател Александар Вучиќ и Петар Петковиќ.
Мило ми е што и Косово начелно го прифати предлогот на ЕУ. Ќе ги продолжиме нашите разговори на средба на високо ниво, објави Лајчак денеска на Твитер.
Лајчак синоќа во Белград се сретна со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а претходно во Приштина разговараше и со премиерот Албин Курти. Претседателот Вучиќ соопшти дека имал отворен и пријателски разговор со Лајчак.
„Отворен и пријателски разговор со Мирослав Лајчак. Кога велам отворено, навистина го мислам. Се разбравме. Да живее Србија“, напиша Вучиќ на Инстаграм заедно со фотографии од средбата со Лајчак. Курти вчера по средбата со Лајчак изјави дека Приштина го прифаќа предлогот на ЕУ за нормализација на односите со Белград.