Актуелно

Филипо: Украина ја злоупотребува помошта од Западот

Корупцискиот скандал што изби во Украина покажува дека режимот во Киев ги злоупотребува залихите од Западот, смета францускиот политичар и поранешен пратеник во Европскиот парламент Флоријан Филипо.

– Сега министерот за одбрана на Украина е вмешан во сериозен случај на корупција! Целата помош што ја испраќаме таму е целосно проневерена, милијарда на милијарда! Ајде да го запреме! – порача Филипо на својот Твитер профил.

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников повеќе нема да ја врши таа функција, туку ќе биде преместен на друга работа, изјави во неделата Давид Арахамија, шеф на парламентарниот блок „Слуги на народот“, во кој е и претседателот Володимир Зеленски.

Нов министер за одбрана ќе биде Кирило Буданов, шеф на воената разузнавачка агенција ГУР, додаде Арахамија. Тој не кажа кога формално ќе се случи трансферот, а Резников не сакаше да ја коментира веста за трансферот, пренесе Ројтерс.

Украинските медиуми претходно објавија дека Министерството за одбрана купува производи за армијата двојно или три пати поскапи отколку што може да се купат во продавниците во Киев.

На почеток