Ким Џонг Ун упати порака со сочувство до Сирија во врска со разорниот земјотрес

Од
Објавено на

Министерството за надворешни работи на Северна Кореја соопшти дека лидерот на оваа земја Ким Џонг Ун упатил порака со сочувство до претседателот на Сирија Башар ал Асад во врска со разорниот земјотрес што ја погоди неговата земја.
Ким Џонг Ун изрази лично сочувство, како и сочувство во име на Северна Кореја, до претседателот Асад и народот на Сирија за земјотресот што ја погоди северозападна Сирија, пренесува КЦНА.
Севернокорејскиот лидер изрази уверување дека Сирија „под правилно раководство на претседателот“ ќе се опорави од последиците од земјотресот во најкус можен рок.
